Menu Close

„По дождот“ од актерот и писател Раде Шербеџија

Големиот боем е повторно кај нас на гости. Ја сака Македонија како свој дом, вели дека овде го чекаат негови драги луѓе. Препознатлив е по широката насмевка, харизмата и добро познатите шешири. Од Бриони и Лос Анџелес до Скопје во „Чамо“… Едниот и единствен – актерот и писател Раде Шербеџија!

Причината поради која ни доаѓа во Скопје е промоцијата на неговата последна книга „По дождот“. Познавајќи ја неговата богата кариера и вредностите што ги носи за балканската култура, очекуваме да ни ја пренесе својата жаркост и искуствата што му се случувале токму откако стана мегапопуларен во улогата на Александар во филмот „Пред дождот“ на нашиот режисер Милчо Манчевски.

 

 Како култна икона на југословенскиот простор, овој заводлив и контроверзен актер и раскажувач ја пишува својата книга со леснотија, впуштајќи се во најтивката а најгласна борба на вечното патување, на чувството дека животот се прелева низ границите за кои не постојат пасоши…

 Промоцијата ќе се одржи во Клуб-ресторан МКЦ, на 26 февруари, со почеток од 19 часот. Промотор ќе биде истакнатиот македонски писател и колумнист Венко Андоновски.

Please follow and like us:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *