Menu Close

Интернет промоција на „Мистериозниот град под калето“ од Александра Тодоровиќ

– На фејсбук-страницата на „Литература.мк“ вечер од 19 часот онлајн  ќе биде промовирана интерактивната книга за деца „Мистериозниот град под калето“ од Александра Тодоровиќ, со илустрации од Марко Јанев, издание на „Либи“ –  „Арс Ламина – публикации“. Авторката Тодоровиќ вели дека долго време го истражувала историското богатство на Скопје со цел соодветно да ја конципира книгата. „Мистериозниот град под калето“ е прва од серијалот книги за деца „Скопје од А до Ш“ и го обработува османлискиот период на главниот град. – Со овој период, всушност, ја почнувам авантурата за Скопје.

За оној дел пред Османлиската Империја, за време на Византија има многу малку податоци и затоа се одлучив да почнам од периодот на Скопје под османлиска власт. Серијалот е замислен така што секоја книга ќе обработува различни историски периоди на градот. Понатаму дејството би продолжило во втората книга за Скопје во време на Кралството СХС, постземјотресно Скопје и приказната би се заокружила со модерно Скопје,како главен град на Македонија вели авторката Тодоровиќ.

Please follow and like us:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »