Menu Close

Започнува гласањето за книга на годината

Македонските издавачи секоја година преведуваат и издаваат купишта книги, книжарниците се преполни, читателите секогаш се во потрага по the next big thing, по следната книга што „не смее да се пропушти“, секогаш следат странски избори и награди… накратко кажано, се враќаме на онаа старата, „На светот има премногу книги, а премалку слободно време“. Како да знаеме што е навистина добро, што навистина вреди? Како да ги сумираме сите оние рецензии, мислења, препораки и рејтинзи кои македонските читатели на големо ги споделуваат по социјалните медиуми, блоговите, сајтовите, дигиталните книжарници…? Вака се роди потребата од и идејата за изборот на Книга на годината. Избор кој на едно место ќе ги собере сите најдобри (и домашни, и странски) книги издадени во Македонија во текот на изминатата година. И тоа избор во кој главниот глас го има НАЈВАЖНАТА комисија на светот, а тоа се ЧИТАТЕЛИТЕ. Токму затоа и ги нарековме Reader’s Choice Book Awards или Избор на читателите за тоа кои се книги на годината во нашата Македонија.

На 10,11,2020 година започнува гласањето за книга на годината – Reader’s Choice Book Awards.

Изборот ќе се одвива онлајн на www.kniganagodinata.mk и секој читател може да гласа по еднаш, за својата омилена книга, во секоја од деветте категории (трилери, романси, историски драми, женска фикција, домашни автори, young adult, нефикција, поезија, детски книги и сликовници).

This image has an empty alt attribute; its file name is d0b8d0b7d0b1d0bed180-d0bdd0b0-d187d0b8d182d0b0d182d0b5d0bbd0b8d182d0b5.jpg

Оваа година во трката за книга на годината има изданија на петнаесетина издавачки куќи, а веќе е отпочнат прием на нови номинации за следната година и секој заинтересиран издавач може да достави свои предлог номинации.

Во рамки на Reader’s Choice Book Awards има огромни дарувања и секој кој ќе гласа станува потенцијален добитник на пакет книги. Гласањето започнува утре,  а ќе трае до 20 ноември.

Please follow and like us:

1 Comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *