Menu Close

Хороскоп неделен

Овен

ЉУБОВ: Ризична недела со мали проблеми. Вашиот партнер ќе започне да се инаети и да ви создава проблеми. Бидете внимателни, бидејќи никогаш не знаете што може да ја донесе љубомората на партнерот.

РАБОТА: Бидете подготвени на голем деловен предизвик, можно е да имате силна конкуренција и да не сте подготвени никому да ја препуштите лидерската позиција во нешто што вам ви е многу важно. Внимавајте да не си создадете проблеми.

ЗДРАВЈЕ: Мала главоболка.

Бик

ЉУБОВ: Во љубовта со партнерот ќе влегувате во вербални расправии, а сето тоа е поради лошата материјална ситуација. Ќе го обвинувате дека троши без контрола. Ќе добиете извинување, но вие самите размислете дали е тоа искрено.

РАБОТА: Бидејќи не можете да решите некој деловен проблем, можеби ќе мислите дека сте на некаков вид пресвртница, но би требало одлуките да не ги донесувате брзоплето. Можно е да сте многу повеќе посесивни, отколку што имате желба да покажете.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со мускулите, во вид на грчеви.

Близнаци

ЉУБОВ: Во љубовта ќе се најдете во некоја дилема. Бидете внимателни и избегнувајте вербални дуели кои не водат во ништо. Немојте вербално да го навредите партнерот, можно е да го промени мислењето за вас.

РАБОТА: Се наоѓате во период кога од вас ќе се бара прилагодување на околностите. Ќе размислувате и за некоја промена. На работното место влеговте во мирен период. Ќе се најдете во ситуација да им помагате на помалку успешните соработници.

ЗДРАВЈЕ: Прекумерното внесување храна лошо се одразува на вашиот организам

Рак

ЉУБОВ: Во љубовта сте во хармонични односи со вашиот партнер. Бидејќи ќе ве изненади пријатно, ќе бидете задоволни. Сепак, потребно е да ја совладате хипохондричната црта на вашиот карактер.

РАБОТА: На работното место ви се советува да се чувате од провокации и импулсивност. Во спротивно проблемите се неизбежни. Тешко ви е да се помирите со реалноста, која ниту малку не ги исполнува вашите очекувања. Ако сакате да постигнете работен успех, жртвувањето е неминовно.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со црниот дроб и панкреасот.

Лав

ЉУБОВ: Не им обрнувајте внимание на ситните грешки кои неодамна ги направил партнерот. Обидете се да му простите на вашиот партнер и се ќе биде одлично. Потребно е малку повеќе да му верувате.

РАБОТА: Конечно поволен период. На работното место ќе добиете унапредување, кое доцни веќе подолг период. Ако се земе во предвид дека убавите работи пристигнуваат во вистинско време, славенички сте расположени.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Девица

ЉУБОВ: Планетите ве поттикнуваат на забава и уживање, па затоа не чекајте, препуштете му се на ритамот. Не само што ќе уживате во љубовта, туку и ќе ја зацврстите врската. Оние кои се сами оваа недела нема да го најдат својот идеален партнер, ќе имаат само мини авантури.

РАБОТА: Ќе имате многу обврски од кои ќе добиете главоболка. Кариерата и професионалната ситуација во моментот е во рацете на други луѓе. Внимавајте на финансиската состојба, нешто погрешно пресметувате.

ЗДРАВЈЕ: Доста добро.

Вага

ЉУБОВ: Инспиративна и среќна недела. Ќе имате силно влијание на односите со парнерот и семејството. Бидете смирени и прифатете ги критиките кои можеби ќе ве повредат, но сепак ви се дадени за да ви помогнат.

РАБОТА: Безброј обврски ви останале незавршени, па така ќе биде потребно да се ангажирате повеќе од вообичаено. Единствен начин е да започнете од почеток и по ред да ги расчистувате задачите.

ЗДРАВЈЕ: Повеќе сон, помалку килограми, повеќе здравје.

Скорпија

ЉУБОВ: Сонцето со неговото силно влијание врз вас ги прави вашите љубовни односи лесни и пријатни, уживајте во љубовта со партнерот, а доколку сте сами оваа недела ви претстои интересна средба.

РАБОТА: Ќе се нервирате бидејќи колегите нема да си ги завршуваат обврските па тие ќе останат за вас. Не дигајте голема паника, ова е минлив период кој релативно кратко ќе трае.

ЗДРАВЈЕ: Започнете да вежбате, проблемите значително ќе ви се намалат.

Стрелец

ЉУБОВ: Колебањето кое го чувствате во себе ќе излезе на виделина, па така бидете подготвени на можни несогласувања со партнерот. Брзо ќе видите дали сте направиле добар избор или е вистинско време да ги поправите грешките.

РАБОТА: Помошта за проблемите ќе дојде од страна од која дефинитивно не очекувате, од вашето минато. Некои услуги веќе сте ги заборавиле, но на ваша среќа другите не ги заборавиле, па ќе бидат одлично расположени да ви се раздолжат.

ЗДРАВЈЕ: Исцрпени сте, внимавајте на исхраната.

Јарец

ЉУБОВ: Не би требало да влегувате во расправии со партнерот околу некои негови лични проблеми кои се однесуваат на неговото семејство или на неговите работни планови. Можно е да си создадете големи проблеми.

РАБОТА: Со еден збор ќе бидете раздразливи. Што и да се случува, лесно можете да го надминете овој проблем, ако успеете да останете со ладна глава. Избегнувајте непромислени реакции. Размислувајте пред да зборувате.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Водолија

ЉУБОВ: Во љубовта само фантазирате. Стварноста не ветува ништо па затоа им се препуштивте на нереалните работи. Оние кои се во врска, исто така ќе имаат нереални желби и очекувања.

РАБОТА: Вие се уште сте во центарот на вниманието и обземени сте од различни случувања. Вам никогаш не ви недостасува оптимизам и ентузијазам. во секоја ситуација можете да го извлечете најдоброто и да се чувствувате задоволни од себе.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со очите.

Риби

ЉУБОВ: Партнерот нема да биде заинтересиран за вашите предлози. Нешто ќе биде сомнително во неговите искази, а вие многу добро ќе го забележите тоа. Држете ги очите отворени и проверувајте го секој негов исказ.

РАБОТА: За жал, ќе слушнете многу непријатни работи за вас. Обидете да извлечете поука од ова. На работното место ќе бидете затрупани од задачи, кои нема да може да ги префрлете на некој ваш колега. Нептун ве советува да издржете пред искушението да купите некоја убава, но непотребна работа.

ЗДРАВЈЕ: Одлично


Креирај твој графикон за анализа

НАТАЛНА КАРТА

Explore your free birth chart with the birth chart calculator .


За да се создаде наталната карта, потребно е да ги знаете датумот, времето и точната локација ( најблискиот град на латиница) на Вашето раѓање.

Овие податоци служат за да се одреди точната поставеност на 10те планети (вклучувајќи ги Сонцето и Месечината, а исклучувајќи ја планетата Земја), 12те куќи и буквално илјадници други аспекти кои биле на небото,во моментот на Вашето раѓање.

Секој од овие аспекти претставува нешто различно во Вашиот животен пат и со себе носи одредена енергија. За да ја разберете Вашата натална карта треба детално да ги истражите сите аспекти и да разберете што всушност тие значат за Вас и дали и колку е одреден аспект важен во Вашиот живот.

Аспектите не се манифестираат секогаш на ист начин, а има веројатност некои од нив никогаш и да не Ви се случат, иако постојат во Вашата карта. Секогаш се земаат во предвид влијанијата и на другите планети и моментални транзити.

Во толкувањето на Вашата натална карта, најмногу влијание има позиционираноста на Сонцето и Месечината, како и Вашиот подзнак.


Странски хороскоп

https://mydailyhoroscope.org/widget.php?bc=FF8CAD&fc=FFFFFF

Натална карта

1.200 ден 1.000 ден

Изработувам натална карта со толкување на аспектите. Праќам по пошта. Абв АстрологНатална карта количина Додај во кошница

© 2022 My Mall | PopularFX Theme

Share with:

Translate »

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »