Menu Close

Видео: „Владетелот“ на Макијавели објаснет во три минути!

Владетелот“ од Николо Макијавели е едно од најдобрите и најпознатите дела во политичката филозофија, а неговите идеи се толку многу распространети, што неговото учење со текот на годините си доби и сопствено име – „макијавелизам“.

На блогот веќе имаме говорено токму на оваа тема, а овојпат се задржуваме конкретно на „Владетелот“. Во видеото коешто ќе го видите подолу, во три минути, накусо се напишани главните основи и нишки кои се провејуваат низ книгата.

Најпрво прочитајте го македонскиот транскрипт од видеото, а потоа погледнете го и интересното видео.

ec9e5d4418cddeb916f54861fa51abb5_xl

Една држава може да биде или република или кнежевство и може да биде или стара или нова.

Лесно е да се владее со старата наследена држава која се предава од генерација на генерација, но преземањето контрола и задржувањето на нова држава е многу тешко. Тешкотијата може да се намали доколку лично ја надгледувате работата.

Старата наследена држава како монархијата може да биде преземена преку уништување на целото кралско семејство. Тоа го направил Александар Македонски за да може ја освои Персиската империја на Дариј III. Сепак, државите кои се навикнати на слобода, мораат да бидат смачкани.

За оние кои сѐ уште не се владетели, сосема е возможно да станат владетели преку следење на два чекори: да го следат примерот на владетелите од минатото кои ги согледале своите можности и да бидат добро вооружени.

421_50_36_14__13__10_2014vladetelot

За да можете сигурно да ја задржите новата држава, сиот отпор мора да биде уништен со користење на сурови, брзи и цврсти методи, но постепено треба да им бидат давани поволностите на луѓето.

Владетелот мора да ја добие наклонетоста на луѓето и да го отфрли секој знак на непријателство, но тој навистина ќе биде сигурен кога ќе може да ја крене сопствената војска да го брани од сите новодојденци. Тој не може да се потпира на платеници, ниту пак на војските на други владетели.

За да биде успешен, владетелот мора да чита историја, да ја проучува војната и да ја познава сопствената земја. Тој мора да делува дека е добар, но истовремено да знае да биде и злобен. Тој не смее да се плаши од тоа луѓето да мислат дека е злобен, затоа што преголемата дарежливост и слободно трошење ќе води кон негова пропаст. Тој исто така не треба да се грижи за тоа дека ќе мислат дека е суров, затоа што стравот е единственото нешто коешто може да го контролира.

machiavelli

Владетелот треба да биде отворен за тоа да користи лукавство, доколку такво нешто е потребно и измама, доколку такво нешто е неопходно. Тој можеби ќе биде сакан, а можеби не, но сѐ додека не го мразат, тој е безбеден. Тврдините не се многу корисни, затоа иако може да се користат за одбрана од надворешни сили, но сепак, тие нема да го спречат предавството од своите луѓе.

Владетелот мора да има цел, да е одлучен и непоколеблив. Тој мора јасно да следи еден или друг пат.

Тој треба да ги поттикнува уметноста и занаетчиството, трговијата и земјоделството. Да ги забавува своите луѓе со спектакли и прослави и да ги наградува оние кои ја почитуваат неговата држава.

Само најспособните поданици треба да бидат околу владетелот и тој треба да ги држи под контрола. Мора да ги избегнува оние кои му ласкаат. Макијавели тврдел дека некогашните моќни владетели на Италија ја изгубиле својата моќ не поради несреќа, туку поради сопствената пасивност и неодлучност.

Среќата режира половина од нашите дејства, но останатата половина ни е оставена нам, да ја создаваме преку напорна работа, внимателност и доблест. Среќата треба да биде победена и доминирана. Многу често не можеме да ја запреме поројната река, но за време на мирните периоди, може да се направат подготовки кои би ја контролирале и минимизирале штетата.

Макијавели заклучува со тоа што вели дека за да се освои Италија и да се ослободи од варварите, потребен е лидер кој ќе ги следи советите во книгата.

Погледнете го видеото:

Please follow and like us:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *