Menu Close

По повод 190 години од раѓањето: Антологија за Григор Прличев

Антологија за Григор Прличев по повод „Прличеви беседи – 2020“ под наслов „Антологија на ловорот (Творците за Прличев)“, со која се одбележуваат 190 години од неговото раѓање, излезе деновиве од печат, а во издание на Општина Охрид.

Составувачи на делото филологот и литературен критичар Димитар Пандев и поетот и есеист Славе Ѓорѓо Димоски. Двајцата реномирани автори велат дека „Антологија на ловорот“ е студиозна ретроспектива на македонистичката прличевистика, од самите почетоци на македонската филологија како наука. Прличев, посочуваат, е трајна преокупација на историографите и филолозите уште од негово време, пред сѐ, поради неговите нераскинливи врски со браќата Миладиновци, а уште повеќе поради неговиот грандиозен подвиг – добивањето на престижната награда „Ловоров венец“, за најдобра поема (Сердарот-Ο Αρμάτωλος) во 1860 година. Тој е предмет на интерес во раната охридска историографија и мемоаристика (Иван Снегаров, Кирил Прличев, Ѓорѓи Киселинов), во почетоците на македонската филологија (Блаже Конески, Харалампие Поленаковиќ, Михаило Петрушевски, Гане Тодоровски, Георги Сталев, Александар Џукески, Науме Целакоски, Тодор Димитровски), на научници од други области, филозофијата: Георги Старделов; социологијата: Никола Бошале; комуникологијата: Волф Ошлис, Рајмон Детриз.  Прличев е трајна инспирација и на авторите, поетите, велат авторите, почнувајќи од Конески и Тодоровски; драматурзите: Иван Точко, Димче Маленко, Блаже Миневски, Венко Андоновски, писателите: Коста Фортомар, Ѓорѓи Сталев, но и на ликовните уметници: Јонче Симонче, Димитар Кондовски, Вангел Наумоски, скулптори, меѓу кои Боро Митриќески.

Книгата на околу 300 страници е промовирана во рамки на Прличевите беседи 2020 година, во куќата на Прличев.

Please follow and like us:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *