Menu Close

Како со природни методи да се совлада несоницата

Несоница (инсомнија) е една од најчестите нарушувања на сонот која покажува раст од година во година.

Се карактеризира со:

отежнато заспивање
неможност да се  задржи сонот
потешкотија со повторно заспивање по ноќното будење
утринско будење

 

Може да се случи во кое било време од животот, но зачестеноста на ова нарушување расте со возраста.


Според статистичките податоци, повеќе од 60% од населението постаро од 60 години страда од некоја форма на несоница.


Иако несоницата не се вбројува во  групата на болни и опасни по живот заболувања, сепак се смета за сериозен проблем.


Може да предизвика моментални проблеми како што се замор, нервоза, раздразливост, нарушена концентрација и ослабена енергија.
На долг рок несоницата може да остави бројни негативни последици врз целокупното човеково здравје.


Видови на несоница

 

Според стручна  класификација, несоницата е поделена на примарна и секундарна.


Примарна несоница е нарушување на спиењето кое не е поврзано со други здравствени нарушувања и промени.


Таквата несоница може да предизвика бучавата, силно светло, гледање телевизија или играње видео игри,консумирање кофеин, менување на местото на живеење и спиење, стрес.

Секундарната несоница се јавува како резултат на разни психолошки и физички болести.

Најчестите предизвикувачи на  секундарна несоница се депресија, анксиозност, астма, апнеја, дијабетес, артритис, срцеви заболувања.

Ова нарушување е исто така класифицирано во зависност од должината на времето.


Во оваа смисла, несоницата може да биде акутна или хронична.


Акутна или краткотрајна несоница е релативно честа појава.


Се случува повремено и трае една или повеќе ноќи.


Може да е предизвикана од актуелен стрес, временски промени, консумирање кофеин, никотин и алкохол, мигренски напади, жиговина (киселини), ПМС и слично.


Се дијагностицира како хронична во случаи кога се јавува често и трае подолго.

 

Колку часа спиење е доволно?


Експертите се согласуваат дека на човек просечно му се потребни околу седум часа ноќен сон.

Сепак некои луѓе спијат само пет до шест часа, по што се потполно одморени.


Таков пократок период на спиење по кој човекот е целосно одморен и не чувствува знаци на нарушување на состојбата и функцијата на организмот не се смета за несоница.


Спротивно на тоа, постојат луѓе чие тело за правилно функционирање бара најмалку седум, па дури  во некои случаи и до десет часа спиење.

 

Како да се спречи акутна несоница


Акутна или тековна несоница може релативно лесно да се отстрани.


Најчесто доволно е да се елиминира причината за стрес или делумно промена во животните навики.

 

Избегнувајте консумирање на стимуланси


Кофеин, никотин, алкохол, газирани пијалоци, па дури и некои видови на чаеви се стимуланси кои придонесуваат за несоница и го попречуваат квалитетот на спиењето.


Во случај на несоница потребно е да се намали или целосно да се избегне нивното консумирање.


Некои чаеви може да бидат одлична помош за полесно заспивање и мирен сон, како чај од анасон, камилица или чај од лаванда.


Сепак имајте на ум дека некои од чаевите делуваат стимулативно и не го подобруваат заспивањето, како што се зелениот чај, црниот чај и белиот чај.

Грижете се за вашата исхрана


И исхраната може негативно да влијае на спиењето.


Избегнувајте доцни оброци.


Ако сепак не можете да одолеете на оброк во доцните часови, нека биде вашиот избор овошје, од кое особено се препорачуваат јаболка, банана, цреши и јагоди.


Обидете се да избегнувајте тешка храна, бидејќи нивната варење ќе го уништи квалитетот на спиењето.


Зачинета или кисела храна може да предизвика жиговина (киселина), која исто така е честа причина за несоница, т.е. немирен и испрекинат сон.


Земајте доволни количини на магнезиум и витамин Б комплекс бидејќи тие го олеснуваат стресот, нервозата, немирот, раздразливоста и помагаат при несоница.


Погрижете се да внесувате доволни количини триптофан, амино киселина која го зголемува производството на природен мелатонин и серотонин.


Мелатонин и серотонин се хормони кои нашето тело ги произведува ноќе и кои придонесуваат за полесно заспивање и за одржување на сонот.

 

Подобрете ја физичката активност


Редовната физичка активност ќе ги елиминира симптомите на несоница и ќе придонесе за полесно заспивање и цврст сон, особено ако сте во природа, на свеж воздух.


Само 30 минути активност на ден ќе ви биде сосема  доволно.


Сепак  не практикувајте никаков облик на физички напор непосредно пред спиење, бидејќи може да постигнете спротивен ефект.


Исто така имајте на ум дека целосните ефекти на физичката активност нема да се почувствуваат веднаш, туку по еден месец или повеќе денови при редовно практикување.

 

Елиминирајте  ги лошите навики

 

Обидете се да се повлечете во современите технолошки чуда најмалку еден час пред да заспиете.


Гледање телевизија доцна, играње видео игри и користење на компјутери, таблети или мобилни телефони, особено во кревет, се тесно поврзани со несоница.


Нередовниот режим на спиење исто така има влијание на проблемите со спиење.
Обидете се да одите на спиење и да се будите во исто време.


Она што особено треба да го избегнувате, ако страдате од несоница е попладневна дремка. Спиење во текот на денот може да го отежне ноќето да заспивање.


Ако навистина треба да спиете во текот на денот, ограничете го спиењето на 30 минути и обидете се да го сторите тоа пред 15 часот.


Како да ѝ пристапите на хроничната несоница 

Хроничната несоница е покомплексно нарушување и затоа често бара стручна помош.


Детекција на причини


Хроничното нарушување на спиењето може да биде резултат на разни здравствени проблеми.


Затоа тоа бара стручна анализа во смисла на поставување на компетентна дијагноза.


Прво неопходно е да се откријат евентуалните медицински проблеми, најверојатн причинители на овој тип на несоница.


Третман на причинители и контрола на лекови


Третманот на дијагностицирана болест, како и олеснувањето на нејзините симптоми е најважен за воспоставување здрав сон.


Имајте на ум дека несоница може да се појави и како резултат на употреба на одредени фармацевтски лекови.


Во тој случај консултации со нутриционист или лекар  ќе биде неопходо.


Доколку е потребно тие ќе определат друг лек или уште подобро, ќе ви препорачаат природен лек за вашите проблеми.


Техники на дишење и релаксација


Многу техники за релаксација може да бидат од голема помош во хроничните нарушувања на спиењето.


Најчести се техниките на медитација и дишење.


Се препорачува таквите техники да бидат целосно спроведени со помош и совети на компетентно лице.


Ќе ви биде од корист а можете и да уживате во тивка медитативна музика, топол туш пред спиење, читање духовна литература и кратка прошетка во природата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *