Menu Close

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека луѓето имаат право да знаат „што намерил Брисел”

Тој наведе дека прашањето на миграцијата е „во игра на изборите за Европскиот парламент“ закажани за мај оваа година.
Во интервју за унгарското државно радио, Орбан рече дека неговата влада преку неодамна започнатата кампања преку билборди „ќе ги разоткрие плановите на бриселската бирократија“.
Тој рече дека актуелното „про-мигрантско“ мнозинство во Европскиот парламент се обидува да ја зголеми миграцијата „што би било еднакво на тоа Европа да им биде одземена на Европејците“.
Блумберг наведе дека Орбан ја бранел пропагандната кампања против претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер кој е претставен дека делува во име на американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос.
Орбан оцени дека оваа кампања е „базирана на факти“ и дека Јункер е одговорен за тоа што „дозволи Велика Британија да си оди, а ги доведе мигрантите“ во ЕУ.
Кампањата на унгарската влада претходно беше осудена од страна на Европската комисија, како и самиот Јункер, кој порача дека партијата на Орбан Фидес би требало да се исклучи од членство во конзервативната Европска народна партија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *