Menu Close

Никад нисам- Весна Дедиќ

Никогаш не сум - Весна Дедиќ

Збор на авторката:

„Никогаш не сум“ е мојот единаесетти роман во кој четири убави, заводливи, духовити, заљубени и амбициозни жени се стремат да ја направат својата иднина-наспроти минатото, поубав дел од животот . Зошто  жената, и кога сè укажува дека Тој е погрешниот, токму тоа  ја возбудува?

Дали е слабост или подарок кога сè што сакала пред него во неговата прегратка станува небитно? Дали  женското срце го намалува за половина број  страста, болеста блискоста или дрскоста?

Една хероина страда од тоа што е сама, но е среќна што е слободна. Втората сопствениот живот, како да е туѓ, безглаво заљубена му го предава  на мажот што го сака. Третата од тој со кого го споделува креветот сака да добие и нешто за возврат, не само љубовни страдање и обврски.

Четвртата знае дека повеќето големи љубови се претвораат во лоши бракови. Зошто мажите се нежни кон сопствените слабости? Зошто за некоја жена тоа што го има од нејзиниот партнер е се, а за друга не претставува ништо?

Дали навиките или храброста нѝ го уништуваат животот?

 Нарачај - Тука

Нарачај – Тука

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *