Menu Close

Истражување докажало дека луѓето кои читаат многу се по пријатни, нежни и сочувствителни

Книги или ТВ?

Да се биде книжевен молец обично се смета за осаменичко хоби. Навистина за разлика од гледањето телевизија, би било многу тешко да се чита книга со повеќе луѓе, па дури и во пар. Вљубениците во книги обично стереотипно се сметаат како осамени и интровертни лица.

Сепак науката ни покажува дека таквите етикети  можеби се неосновани. Според една студија, луѓето кои читаат повеќе – особено романи – обично се многу посоцијални и емпатични.

Овој заклучок се заснова на британско истражување спроведено од универзитетот Кингстон во Лондон. Истражувачите испрашувале 123 лица за нивните навики на читање и гледање. Тие исто така забележувале кои жанрови им се допаѓаат – комедија, публицистика, романтика или драма.

Потоа, испитаниците биле тестирани за социјални вештини преку прашања како што се: „Колку често го соочувате сопственото мислење со туѓите?“ Или „Дали активно им помагате на другите?“

Би претпоставиле дека оние што гледаат почесто телевизија прикажуваат повеќе социјални црти затоа што тоа би било логично –  поверојатно е дека две лица ќе гледаат иста телевизиска емисија отколку да ја читаат истата книга.

Сепак резултатот го покажал спротивното. Оние што читаат книги покажале многу поголема емпатија отколку луѓето што гледаат телевизија. Всушност тие дошле до заклучок дека оние кои исклучиво гледаат телевизија прикажале далеку по не друштвено однесување. Истражувачката Роуз Тарнер истакнала забелешка дека „ ниту сите романи имаат исто влијание“, но сепак читателите на романи се покажале како најдобри во социјалните вештини, односно постои разлика меѓу жанровите. Читателите на комедии се ориентирани повеќе кон  луѓето, додека оние што сакаат романтика и драми искажуваат најголема емпатија и најдобро можат да го видат светот со туѓи очи.

Овие резултати се навистина фасцинантни (и убаво стимулирање на егото на вљубениците во книги), но сепак го поставуваат старото прашање: „Што е постаро – јајцето или кокошката ?“ Дали читањето роман ѝ помага на една личност да стане повеќе сочувствителна или едноставно  емпатичните луѓе читаат романи?

Можеби сега оние што обично гледаат телевизија а сметаат дека не се доволно емпатични, можат да спроведат свој експеримент. Земете роман и набљудувајте ја промената во себе. Потребни ви се препораки за романи? Контактирајте го вашиот најблизок вљубеник во книги, се разбира!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *