Menu Close

Гатузо: Моите фудбалери како да играа со топка тешка 120 килограми!

Екипата на Милан синоќа им приреди нови разочарување на своите фанови, откако на „Сан Сиро“ не успеа да извојува победа над тимот на Удинезе, играјќи само 1-1.

По мечот, стратегот на миланезите Џенаро Гатузо не го криеше своето незадоволство од одиграната партија на своите момци, но сепак оптимистички најави далеку подобри резултати во остатокот од сезоната.

„Изгледавме лошо, особено по примениот гол. Навистина овој период е тежок за секоја екипи, распоредот е згуснат, но тоа не треба да ни е оправдување за ремито. Требаше предвреме да го решиме победникот, но откако не успеавме пристигна казната. Кога не сте физички добро подготвени си мислите дека топката е тешка 120 килограми. Сепак, сакам да бидам позитивен и веруваме дека во иднина ќе играме подобро и ќе бележиме позитивни резултати“, рече Гатузо.

Моментално, Милан е на четвртата позиција на табелата во Серија А, со еден бод помалку и натпревар повеќе во однос на градскиот ривал Интер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *