Menu Close

Обновливи извори на енергија-фотоволтаични панели

ден

• Зошто компаниите треба да инвестираат во фотоволтаични панели?
• Процес на инсталирање на фотоволтаични панели
• Компоненти на фотоволтаичен систем
• Солар Дата Колектор
• Изведба и пуштање во употреба на ФВ централа
• Процес на одржување и пост проектни активности
• Јавен повик за субвенционирани инвестиции во фотоволтаични
централи за правни лица
• Листа на документи и услови за јавниот повик
• Дополнителни услови за исполнување
• Подготвување на тендерска документација

Објавено од: abvedit.com
Е-Книга
Автор на книгата: Солар Дата Колектор
Датум на објавување: 10/09/2019
ISBN: 9786950877173
Боја на текстот: Црно-бела
Боја на страниците: Бела
Големина на страниците: 6' x 9' (15.24 x 22.86 cm)
Боја на корицата: Мат

Компаниите кои се големи потрошувачи на електрична енергија имаат значен бенефит
од сопствен фотоволтаичен систем, пред се поради тоа што, доколку произведената
енергија од системот ја конзумираат за свои потреби, за истата не плаќаат мрежарина,
која се јавува како трошок над цената на електричната енергија на слободниот пазар.
Со јавниот повик за доделување право на премија, можно е да се добие и дополнителен
бонус.
Доколку ги прилагодите кривите на потрошувачка со кривата на производство од
системот, би постигнале висок степен на искористеност и би го намалиле вишокот на
енергија, односно системот може да се калибрира за да произведува највеќе
електрична енергија во делот од денот кога вам ви е најпотребна (пр. работно време на
производствен погон).
Другиот бенефит е тоа што фотоволтаичниот систем претставува алтернативно
напојување и може да се користи како секундарен извор на електрична енергија во
случаи кога има проблем со снабдувањето од дистрибутивната мрежа.
Инвеститорите кои што не сакаат да ја конзумираат произведената електрична
енергија, може истата да ја продаваат на слободниот пазар. Анализите на повеќе
организации за енергетика и обновливи извори укажуваат дека цената на
електричната енергија како и нејзината побарувачка ќе расте во наредните неколку
години.

    Рецензии

    Сеуште нема препораки.

    Оценете го производот “Обновливи извори на енергија-фотоволтаични панели”

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *