Menu Close

МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА 1

ден

Објавувањето на првата Македонска енциклопедија е уште едно крупно постигнување на нашата наука во првата деценија на XXI век. Таа ја проследува целината на македонската земја во еден долг милениумски временски период и како нејзина најсестрана легитимација и егзактна експертиза на македонската стварност низ историјата, претставува една од големите придобивки на нашата наука во новата историја на Македонија.

 

Објавено од: Knigoizdavac
Е-Книга
Автор на книгата: МАНУ
Датум на објавување: 03/10/2019
Дел од серијал: Да
Сериски наслов:
Том:
ISBN: 9787673684189
Број на издание: 1
Боја на текстот: Црно-бела
Боја на страниците: Бела
Големина на страниците: 6' x 9' (15.24 x 22.86 cm)
Боја на корицата: Мат

Македонската енциклопедија јасно ги определи главните упоришта на македонското научно гледиште, кое е прикажано плуралистички, мозаично, а не еднозначно, шематски и црнобело. Во таа смисла Македонската енциклопедија, донесувајчи многу нови и во националната свест на нашиот народ недоволно познати факти ја збогатува свеста за нас самите во историјата. Македонската енциклопедија извршува длабок епистемолошки рез во автохтоното вреднување на нашиот национален и историски развој, на нашата долготрајна борба не само против големите и крвави зулуми вршени над нас, за нашиот опстанок на овој балкански простор, туку и против сите видови супремации на ту|инскиот дух што се обидувал да нè присвои, т.е. духовно и географски да нè обезимени и обезличи.

    Рецензии

    Сеуште нема препораки.

    Оценете го производот “МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА 1”

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *