Menu Close

МНЕМОНИЧКИ ИМПЛИКАЦИИ НА ТОПОСОТ

ден

Мнемонички импликации на топосот – ТУКА

Предмет на интерес на овој текст се теориските и
мнемоничките импликации на создавањето и на проучувањето на
топосот фигури на меморија.

Објавено од: Knigoizdavac
Автор на книгата: Марија Ѓорѓиева-Димова
Датум на објавување: 16/07/2010
Дел од серијал: Да
Сериски наслов: Филолошки факултет „Блаже Kонески“, Скопје, Македонија
Том:
ISBN: 9784287719286
Боја на текстот: Црно-бела
Боја на страниците: Бела
Големина на страниците: 6' x 9' (15.24 x 22.86 cm)
Боја на корицата: Мат

Овие импликации се темелат врз
елаборациите на топосот како интертекстуална варијанта (Ораиќ,
1990), односно како „дел од колективната меморија на еден народ и на
еден субјект кој се стреми да се олицетвори во различни дискурзивни
практики” (Ќулавкова, 2009: 44),1 при што нашиот фокус, првенствено,
е поставен врз книжевните отелотворувања на топосот фигури на
меморија.
Овој топос ја потврдува својата валентност во неколкутеориски контексти,
актуелизирајќи одделни концепции (првенствено,
оние што им припаѓаат на славистичката семиотичка и
интертекстуална парадигма – теориите на Јуриј М. Лотман, на Ренате
Лахман, на Игор Смирнов, на Дубравка Ораиќ-Толиќ), подеднакво,
актуелизирајќи ги и категориите кои се оперативни во нив (како на
пример, интертекстуалноста и нејзините видови, меморијата и
одделните мнемотехнички операции, рецепцијата, семиотичките
функции на текстот, односот значење – смисла).

    Рецензии

    Сеуште нема препораки.

    Оценете го производот “МНЕМОНИЧКИ ИМПЛИКАЦИИ НА ТОПОСОТ”

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *