Menu Close

Што научив благодарение на водење списоци за прочитаните книги

Список

Јас не водам дневник, но затоа имам два списока за читање. Едниот е на апликацијата “Книги за читање” и содржи стотици наслови кои делумно се организирани по жанр. Вториот список се состои од книги што ги прочитав од 1991 година па наваму (кога го купив мојот прв компјутер).

И некаде во шкафчето ми е избледената папка во која се наоѓаат отчукувани на машина страници со списоци книги што сум ги прочитала откако го водам овој список, од средината на 1960-тите години, четврт век пред да се префрлам на компјутер. Таму се и  ракописните списоци од  средно училиште и препораките  од професорите. Означив околу половина од понудените 52 наслови. А имам и пет страници искинати од  прирачникот „Како да се подготвиш за колеџ“ каде авторот препорачал книги за секој семестар. „Оливер Твист“ (√), „Г-ѓа Бовари“ (√, на француски, сум додала).

Немам дневник, но гледајќи ги моите списоци за читање што ги водев повеќе од половина век, гледам патека до иднината, како историчар што открива факти.

Во повисоките одделенија од основното училиште, бев фасцинирана од приказни што се расплетуваат во други епохи и на далечни места, светови што сакав да ги откривам и се надевав дека ќе ги посетам еден ден. Историските романи ме запознаа со револуционерната Франција („Приказната за два града“), империјална Кина („Добрата земја“), царска Русија („Злосторство и казна“) и еврејската историја. Научив за холокаустот и основањето на државата Израел од книгата„Егзодус“ и „Мила 18“ на Леон Јурис . Двапати го прочитав „Изворот“ на Џејмс Мичнер, кој ме запозна со илјадници години еврејска историја на 1.100 страници.

Денес  додека ги рагледувам страниците од избледената папка, најмногу ме фасцинира фактот колку малку има женски книги и чии авторки се жени. Брошурата „Како да се подготвиш за колеџ“ ја препорачуваат 122 машки автори и само 13 женски писателки. И само 3 од 22 прочитани што ги означив беа напишани од жени.

Овие списоци со препораки датираат од 1960-тите години, многу пред феминистичката книжевна критика да побара да се преиспитува литературниот канон, и пред појавата на авторки како што се Сандра Гилберт и Сузан Губар кои поставуваа прашања за машката дефиниција за книжевната историја во која имало само неколку жени: Џејн Остин и сестрите Бронте се меѓу ретките писателки на моите списоци за читање.

Но, кога гледам внимателно во моите списоци, можам да видам колку полека се појавува патеката кон женскиот свет. Имаше години, на почетокот на моето школување кога читав само по еден наслов напишан од жена. Се разбира дека ги читавме Мемоарите на Гликел од Хамелн (1646-1724), но во тоа време никој не се прашувал како полот го обликувал нејзиниот живот, иако се сеќавам дека размислував за тоа како успевала да се грижи за четиринаесет деца, за работата и пишувањето.

Со текот на времето, се свртев кон книгите за жени напишани од жени. Читав за женските движења и „Скриени од историјата: 300 години женско угнетување и борба против тоа“ од Шеила Руботам . На крај мојот список за читање откри важен момент за пресврт. Од доцните 80-ти наваму, на списокот започна да ми доминираат авторки чии чувствителности и увид во положбата на жените направија пробив и во другите уметнички изрази.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »